фото-галерија

 

 
 
 

 

 

 


Технички карактеристики на хидросистемот "Злетовица"

Повеќенаменското техничко решение на Хидросистемот ˝Злетовица˝се состои од:

  • Брана и акумулација ˝Кнежево˝,

  • Алиментационен довод од река Кучешка,

  • Алиментационен довод од реките Емиричка и Венечка,

  • Зафати и главни доводи за водоснабдување на Кратово, Пробиштип, Штип, Св.Николе, Карбинци и Лозово,

  • Зафати, главни и останати доводи со мрежа и опрема за наводнување на површина од 3100 Ха и

  • Зафати, доводи, цевководи, машински згради и останати објекти за енергетските објекти: ХЕЦ Злетово I,  ХЕЦ Злетово II , ХЕЦ Злетово III

 

Брана ˝Кнежево˝се планира да биде изградена во близина на село Кнежево на околу 19,5 km возводно од Злетово. Основни технички карактеристики се:

  • Тип на брана: Камено-насипна брана со асфалтно-бетонско јадро,

  • Висина на браната: 75 m,

  • Должина на круната: 270 m,

  • Ширина на круната: 10 m,

  • Волумен на насипот: 1.700.000 m 3,

  • Корисна водена акумулација: 22.500.000  m 3,

  • Шахтен прелив: 216 m 3/s,

  • Темелен испуст: 21 m 3/s.

Шематски прикази на некои од техничките карактеристики

шематски лонгитудинален пресек на хидросистемот Злетовица
 

 
напречен пресек на браната Кнежево
 

шахта
 

 
ситуационо решение на брана "Кнежево" со придружни елементи
 

Oсновни технички карактеристики на објектите за наводнување. Наводнувањето на предвидените површини ќе се врши во две зони и тоа:

  Долна зона Горна зона
Површина за наводнување: 2.050 Ха 1.050 Ха
Инсталиран проток: 2,5 m3/s 1.775 m3/s
Должина на довод: 13.470 m 14.617 m
Челични цевки со D: 1320-457 mm 1120-355 mm
Разводни цевки со D: 914-225 mm 508-225 mm
Вкупна должина на развод: 16.700 m 16.738 m

 

Основни технички карактеристики на енергетските објекти. Хидроенергетскиот потенцијал на река Злетовица се планира да се искористи преку три деривациони хидроцентрали, со следниве технички карактеристики

ХЕЦ˝Злетово˝I ХЕЦ˝Злетово˝II ХЕЦ˝Злетово˝III
зафат Емиричка и Венечка река зафат на Емиричка и Злетовска река зафат на Зеленградска и Злетовска река
проток: Qi=3,2 m3/s проток: Qi=3,2 m3/s проток: Qi=3,5 m3/s
22.000.000 KWh 20.050.000 KWh 14.220.000 KWh

 

l