|
Реогионален
Хидросистем "Злетовица"
За реализацијата на повеќенаменскиот хидросистем "Злетовица" изготвена
е целокупната инвестициско-техничка документација. Во неа беа вклучени
еминентни проектански фирми од Република Македонија (ЕМО-ХЕП - Скопје
и Завод за водостопанство на Република Македонија - Скопје).
Kапитален повеќенаменски проект, Хидросистем
˝Злетовица˝ е планиран да
се реализира во фази и тоа:
I
фаза. Објекти за водоснабдување:
-
Камено-насипна брана
˝Кнежево˝ со висина од 75 m и акумулационо езеро
со вкупен волумен од 23 500 000 m 3 .
-
Пристапен пат од Злетово до
брана ˝Кнежево˝ во должина од 20 km.
-
Доводни цевководи за
водоснабдување на општините:
-
За Кратово целосно е
изграден со должина од 22,14 km и е во функција.
-
За Пробиштип потребно е да
се изврши испитување и
санацијата на старата делница со должина од 3,3
km,
од вкупната должина од 19,0 км,
на доводниот цевковод за водоснабдување на
Пробиштип и Злетово.
-
Заеднички цевковод за Штип,
Св.Николе, Карбинци и Лозово со должина од 23,17 km.
-
За Штип со должина од 10,89
km.
-
За Св.Николе со должина од
24,56 km.
-
За Карбинци со должина од
4,50 km.
-
За Лозово со должина од
11,08 km.
| |
 |
II фаза. Објекти и систем на цевна мрежа за
наводнување на 3.100 Ха земјоделски површини.
III
фаза.
Енергетски објекти, предвидено е да се изградат три последователни
хидроцентрали со вкупно производство на електрична енергија од
56.400.000 KWh.
|
Проектот Хидросистем
"Злетовица" е веќе во фаза на реализација и до сега се реализирани
следниве активности:
Со потпишување на Договор за
заем XI/2003, помеѓу Владата на Република
Македонија и Јапонската банка за меѓународна соработка
(JBIC), е одобрен Јен-кредит со поволни услови: рок на
враќање 25 години, камата 1,5 % и грејс период од 7 години. Јен-кредитот
обезбедува 80 % (82 милиони $ USA) од потребните средства за изградба на
I фаза од ХС ˝Злетовица˝, а останатите средства
во наредните пет години сукцесивно се обезбедуваат од сопствени
извори-Буџет на Република Македонија во износ од 21,23
милиони $ USA.
Со изборот на Јапонската консултантска компанија PCI
и потпишувањето на договор за консултантски услуги
XI/2004 година, отпочната е имлементацијата на проектот ХС
˝Злетовица˝ во
I фаза. Према утврдената динамика од страна на
консултантот, во првите шест месеци од 2005, интезивно се работи на
ревизија на постојаната техничка документација и нејзино дополнување. По
овој период доаѓа период на припремање на тендерска документација за
распишување на меѓународен тендер за избор на изведувач на работите и
отпочнување со градба во IX/2006 година.
Експропријацијата на
земјиштето каде што ќе се наоѓа телото на браната , акумулационото езеро,
позајмиштето на камен, станбената населба, доводен цевковод со зафат на Кучешка река и
пристапниот пат до брана ˝Кнежево˝ е 99 % завршена, не е завршена целосно
поради нерасчистени имотно-правни односи.
Отпочнато е испитувањето и санацијата на старата делница со
должина од 3,3
km,
од вкупната должина од 19,0 км,
на доводниот цевковод за водоснабдување на
Пробиштип и Злетово
Во тек е дозавршување на пристапниот пат од Злетово до
брана ,,Кнежево,, во должина од 19,8 км комплетно со асфалтирање со
должина од 9,0 km, за кое се обезбедени средства од Јен-кредитот.
Како ЈП ХС˝Злетовица˝
одговорна за режимот на водите во река Злетовска и према упатствата на
SAPROV тимот од JBIC сме обврзани да изградиме лимниграфска станица за
хидролошките мерења на збирни протоци на Злетовска река. Досега е
завршена изградбата на лимниграфска станица, преостанува набавка и
монтажа на потребната опрема.
Поради потребата од комуникациско
поврзување на објектите на ХС
˝Злетовица˝
(водозафат за Пробиштип и Злетово водозафат за Штип, Свети Николе,
Карбинци и Лозово, Водозафат за Kратово, командна кула и сл.) кое ке се
изврши со фибер-оптички кабел. За таа цел е завршена набавката, на голем
дел и поставувањето на заштитното црево, потребно за вметнување на
фибер-оптички кабел на трасата од Злетово до брана Кнежево во должина од
20 км.
Министерството за
земјоделие, шумарство и водостапанство распиша
меѓународен тендер за учество за Проект за унепредување на
Хидросистемот ˝Злетовица˝. Тендерот е за избор на изведувач за:
Пакет 2: Брана и придружни објекти
1.Камено-насипна брана со асфалт бетонско јадро (дијафрагма)
-Максимална висина на браната 85 m
-Вкупен волумен на насипот 1.700.000 m3
2.
Отпочен тунел за реката со должина 320 m и
дијаметар 3,4 m
3.
Темелен зафат и затворачница на D=2,0 m
челична цевка
4. Преливникот е
чахтено колено, со тунел со D=3,8
m кој завршува со
брзоток и
констукција на ски-скок
5. Период на изведба:
Три години, од август 2006 до август 2009 година.
Постапката за избор на изведувачот на работите е целосно завршена и за
изведувач на работите од
Пакет 2: Брана и придружни објекти,
е избран конзорциумот
"Бетон"
и
"Гранит"
– Македонија
Пакет 3: Зафати и
водоснабдителни цевководи
1. Зафати
- Изградба на
зафат број 1
- Изградба на
зафат број 3
- Реконструкција
на зафатот за водоснабдување на Кратово.
2. Транспортни
цевководи за сирова вода до Свети Николе и Штип, со вкупна должина од
58,6 км и внарешен дијаметар на цевката од 850 до 460 mm.
Постапката за избор на изведувачот на работите е целосно завршена и за
изведувач на работите од
Пакет 3: Зафати и
водоснабдителни цевководи,
е избран
ФЗЦ"11
Октомври"
во
конзорциумот
со
"Бетон"
и "Гранит" – Македонија.
|