|
|
ЛОКАЦИЈА
НА ХС ЗЛЕТОВИЦА
Република Македонија
е мала европска земја, која се наоѓа во јужниот дел од Балканскиот
Полуостров. Македонија како географско-природна целина сеуште е зачувана и
здрава еколошка средина, со умерено континетална клима во својот северен
дел и со медитеранска клима во јужниот дел на државата.
Македонија изобилува со
економски потенцијали и развиена стопанска стуктура, современ
комуникациски систем, но и природни реткости и убавини, вредни археолошки
локалитети, манастири и цркви со единствен фреско-живопис и икони, во која живеаат и работат мирољубиви,
гостопримливи и вредни луѓе. Земја со богата древна култура, но и светски
достигнувања во современата уметност и култура, поради што често оваа мала
и убава земја, го носи епитетот-"Бисер
на Балканот".
Хидросистемот
"Злетовица" се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија и
покрива област од 223.000 Ха. Средишниот дел на оваа зона е претежно со
мали планини и широка речна котлина. Северниот дел од оваа област е со
планини кои се граничат со Осоговските Планини, додека јужниот дел е
претежно со котлини. Оваа област има Континентална клима со примеси на
Медитеранска клима. Се каректеризира со суви и долги лета, со високи
температури и кратки и благи зими. Просечни годишни врнежи во регионот се
500 mm. Овој регион покрива повеќе од 100.000
жители во општините Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Лозово, Штип и
Карбинци. Главна дејност на жителите е земјоделство, сточарство, рударство
и индустриско производство.
|