|
![]() |
![]() |
|
Инвеститор Главен инвеститор на проектот е ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, преку Јавното претпријатие Хидросистем "Злетовица" од Пробиштип. Вкупно потребни средства за реализација на целиот проект во целина се околу 180 милиони $ USA. Поради високата пресметковна вредност на овој регионален проект, необезбедените финансиски средства се предвидува да се обезбедат преку поволни странски кредити или донации. За оваа цел, Владата на Република Македонија преку Министерството за финансии уште во 1995 година се обрати до Владата на Јапонија, за одобрување на поволен т.н. ˝Мек Јен˝ кредит. За реализација на првата фаза на проектот потребните финансиски средства се околу 110 милиони $ USA. По повеќе годишни подготовки, експерти на JBIC (Јапонска банка за меѓународна соработка), во текот на 2001 и 2002 година престојуваа во Република Македонија, за подетално и конечно проучување на проектот. При тоа од нивна страна беа изработени две студии SAPROF 1 и SAPROF 2 во кои, со помош на домашни експерти беше извршено целоно усогласување на техничките параметри. Овие студии даваат подршка за кредитирање на првата фаза на проектот ХС ˝Злетовица˝. Во втората половина на 2003 година од јапонската влада беше одобрен поволниот ЈЕН кредитво износ околу 80 милиони $ USA со рок на отплата 25 години од кои 7 години грејс период и годишна камата од 1,5%. Останатите средства во наредните пет години сукцесивно ке се обезбедуваат од сопствени извори Буџет на Република Македонија, во износ околу 25 милиона $ USA. При постигнувањето на меѓу државниот договор за одобрениот кредит дефенирани се сите активности за имплементација и мерки кои треба да се превземат за реализација на првата фаза од проектот.
Во моментот се работи се работи на дозавршување на доводниот цевковод за водоснабдување на Пробиштип, кои за негова целосна реализација се обезбедени сопствени средства. Експропријацијата на земјиштето е скоро целосно завршена од сопствени средства. Сега се вршат припреми за отпочнување на изградба на пристапниот пат од Злетово до брана ˝Кнежово˝ за кои се обезбедени средства од Јен-кредитот. Интересот за целосно реализација на овој проект е од големо значење за стопанскиот развој, но пред се за економско и доходовно работење на овој проект. Се планираат активности и за ангажирање на други странски извори на финансирање, преку кредити и донации (Светска банка, Европска инвестициона банка, финансиски институции, фирми и поединци).
|