фото-галерија

 

 
 
 

 

 


Идеја

Почетните идејни иницијативи за изградбата на регионалниот Хидросистем "Злетовица", се појавуваат во втората половина од педесетите години на дваесетиот век, но поконкретните активности за реализација на идејата се направени во текот на 1982 година.


Цел

Хидросистемот
˝Злетовица˝ се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија. Тој има повеќенаменско значење, кој може да ги задоволи следните основни намени:

  • водоснабдување на населението и индустријата во општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово,
  • наводнување на 3100 Ха земјоделска површина,
  • производство на електрична енергија,
  • обезбедување на биолошки минимум на реката Злетовица,
  • намалување опасност од поплави и
  • задржување на наносот во акумулациониот простор.


Издржливост на проектот

 
Локацијата на Злетовска река каде ќе се гради браната "Кнежево" од хидросистемот "Злетовица"
 
 

Со повеќе децениските испитувања и анализи е утврден годишен воден потенцијал на Злетовска Река во количина од 69 милиони метри кубни. Со изградбата на браната "Кнежево"и со останатите помали системи на зафаќање, ќе бидат искористени околу 50 милиони метри кубни вода од годишниот протек. Останатите 19 милиони метри кубни вода од годишниот протек остануваат за оддржување на биолошкиот минимум на Злетовска Река во понатамошниот нејзин тек, се до влевањето во реката Брегалница.

 

 

 

 

l